Работилница „Имам право да ги знам моите права“ (реализација во ОУ Војдан Чернодрински и ОУ Љубен Лапе од Скопје)
Учениците размислуваат за тоа кои права им припаѓаат на децата и се запознаваат со Конвенцијата за правата на детето.
Еве дел од размислувањата на децата:
Бидејќи сум дете имам право…
Да спортувам и да се школувам
Да се дружам со другарчињата
Да пишувам, читам и да ја слушам наставничката
Да имам родители
Да јадам и да имам воздух
Да дишам чист воздух
Да живееме во стан
Да не не испуштаат од рака за да не се изгубиме
Работилница „Подарок за без пари“
Како ќе подариме подарок, а да не дадеме пари?
Цртаме цртежи, честитки
Се гушкаме, се бакнуваме, помагаме
Кога сакаме да подариме нешто некому не даваме пари, само вложуваме труд
Еднаш дадов играчка на другарче која ми беше дупликат
На едно другарче му реков дека има убави панталони