Get the Flash Player to see this player.

Обука и прирачници

  • Во август 2008 година беше одржана обука за обучувачи за образование за животни вештини за првиот циклус на деветгодишното основно образование (од прво до трето одделение).
  • Беа обучени по еден одделенски наставник и психолог/педагог од сите основни училишта во нашата земја.
  • Секој обучувач одржа најмалку пет работилници во своето училиште со ученици од различни паралелки од прво до трето одделение, а на кои присуствуваа одделенските наставници од училиштето.
  • Обучувачите во своите училишта заедно спроведоа еднодневна обука со одделенските наставници од прво до трето одделение во училиштето, на која се резимираа карактеристиките на работилниците како форма на работа во програмата за животни вештини (структура на активностите во работилниците, методите на работа, улогата на наставникот...)
  • Одделенските наставници кои присуствуваа на најмалку пет работилници што ги реализираа обучувачите во училиштата, самостојно реализираа исто така најмалку три работилници под супервизија на обучувачите.
 
Наставниците работат според прирачниците кои ги издаде Бирото за развој на образованието со финансиска поддршка од УНИЦЕФ.