Get the Flash Player to see this player.

Што е „Училиште по мерка на детето“?

Училиште во кое:
  • детето е во центарот на наставата и учењето
  • средината за учење на детето ги вклучува и возрасните од кои детето учи и кои и самите учат
  • децата учат самостојно, но и од другите, чии потреби за учење се земени предвид
 
Во првата фаза од проектот беа вклучени училиштата: ОУ Гоце Делчев, Скопје, ОУ 11 Октомври, Скопје, ОУ Малина Попиванова, Кочани, ОУ Братство Единство, Гостивар, ОУ Горги Сугарев, Битола
 
ОУ Санде Штерјоски, Кичево, ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот, Велес, ОУ Димитар Влахов, Штип, ОУ Васил Главинов, Скопје, ОУ Крсте Мисирков, Радовиш
 
Проектот започна со избор на училишта и формирање работни групи по димензии. Во секое училиште беа одржани семинари за сензибилизација на работните групи за детски права и за концептот Училиште по мерка на детето. Беше направена и самоевалуација на училиштата од страна на наставниците, учениците и родителите.
 
Следуваа работилници и активности за воведување на промени во училиштата:
  • воспоставување правила за работа во училница
  • идентификување на стиловите за учење на учениците
  • препознавање на родовата пристрасност во учебниците
  • препознавање на родовата пристрасност на часовите по физичко образование
  • презентирање на женски ликови
  • користење огласни табли за учениците
  • развивање механизми за изразување на мислењето на учениците
  • мапирање на небезбедните места
  • следење на насилството во училиштето за време на одморите
  • трансформирање на училишната култура во мултикултура