Get the Flash Player to see this player.

Што се животни вештини?

Терминот животни вештини се однесува на голема група психосоцијални вештини за јакнење на личниот, емоционалниот и социјалниот развој на децата и за нивната физичка, ментална и социјална добросостојба. Животните вештини се однесуваат на јакнење на самодовербата и позитивната слика за себе, препознавање и изразување на емоции, справување со успех и неуспех, прифаќање на сличности и разлики, справување со насилничко однесување, комуницирање, почитување на другите, меѓусебно поддржување и соработка, донесување одлуки, превенција од болести и заболувања, како и градење позитивен однос кон околината.
 
Во таа смисла образованието за животни вештини е насочено кон внесување промени во однесувањето на учениците преку стекнување на определени знаења, ставови и вештини кои им помагаат да избираат и да практикуваат здраво однесување, наместо само да учат што тоа значи. Всушност училиштето има нова задача да овозможи знаењето за животни вештини да се претвори во конкретно однесување на ученикот (преку користење на партиципативни методи на учење и поучување, што ги прави учениците да бидат активни во процесот на учењето, а не да останат само пасивни приматели на информации).